Обид за кражба на Магна карта од катедралата во Солзбери

Од:

Британската полиција уапси 45-годишен маж кој се обидел да украде еден од оргиналните примероци на Магна карта либертатум (Големата повелба на слободата) од катедралата во Солзбери.

Тој се обидел да ја скрши стаклената витрина во која се наоѓал документот, по што се вклучил безбедносниот аларм.

Од полицијата соопштија дека набргу по инцидентот осомничениот бил уапсен, а ќе биде обвинет за обид за кражба, поседување оружје и за предизвикување штета.

Примерокот од Магна карта во Солзбери е еден од четирите вакви документи кои постојат, а при обидот за грабеж не претрпел никакви оштетувања.

Магна карта либертатум или Големата повелба на слободата е потпишана на 15 јуни 1215 година во близината на Лондон, а со неа се предвидува ограничување на моќта на англиските кралеви, конкретно на кралот Џон Без Земја, син на кралот Хенри II.

Би можело да ве интересира

Полскиот историчар Рубаха тврди: Илинденското востание го раководеле Бугари

A1on

ЗИРМ: Учебникот по Историја за V одделение изобилува со погрешни информации и со неосновани констатации

Горан Наумовски

Николај Милков: Пред да влезе во ЕУ, Македонија треба да се раздели со лажните парадигми во историјата

A1on

Џамбаски: Господине Османи, Гоце Делчев е Бугарин, нема две верзии на историјата

A1on

Бугарски научници: Лагите на македонските историчари ќе се најдат во сите светски библиотеки

A1on

Видео: „Срам и арам, ни јазикот бетон, ни историјата – во ЕУ не ќе влеземе ни за 100 години“ – експерти контра владата

Анита Петровска Рајковиќ