Хотелот и ресторан „Туто“ од Јанче ја доби меѓународната награда „Туристичка призма“ на деловниот саем за конгресен, зимски и спа туризам на Југоисточна европа (WESTM) во Белград.
Нагрдата е за нов квалитет во туризмот, а ја доделува меѓународно новинарско жири од шест држави во регионот. Од Хрватска е награден националниот парк Корнати, од Словенија хотелот „Интерконтинентал“ и Крањска гора, од БиХ хотелот „Хилс“, а „Туристичка призма“ добија и „Верде“ коплексот од Црна Гора, како и „Соларис ресортс“ и „Амфора“ од Србија.
На деловниот саем учествуваат над 100 преставници на престижни хотели, ресторани, туристички организации, бањи, конгресни центри и организатори на зимски и спа туризам од 15 земји. Меѓу нив, презентирани се и туристичките капацитети на „Елем Турс“ на Шар Планина, Маврово, Пелистер, на Охридското и Дојранското езеро.
Досегашни добитници на престижната „Туристичка призма“ која се доделува над 20 години, од Македонија ја имаат добиено хотелите „Гарденија“ од Велес, „Русија“ и „Сенигалија“ од Скопје, „Изгрев“ од Струга, етно ресторанот „Стара градска куќа“ од Скопје,…
Целта на саемот во Белград е воспоставување подобра соработка меѓу туристичките стопанства на земјите од ЈИЕ, како и на компаниите во Европа заинтересирани за регионот.