ЕП ќе побара независна истрага за смртта на Кашоги

Од:

Европскиот Парламент денеска треба да усвои резолуција, со која ќе се побара независна истрага за смртта на саудискиот новинар Џамал Кашоги, убиен во Генералниот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул.

Нацрт-резолуцијата бара да се откријат сторителите, да се дознае дали државата е инволвирана и инсистираат да бидат пронајдени не само сторителите, туку и нарачателите.

Според нацрт-резолуцијата ЕП се подготвува да побара од Европската Унија да воведат таргетирани санкции против сторителите како забрана за визи и замрзнување на имот.

Пратениците бараат и ембарго за продажба на оружје за Саудиска Арабија.

Убиството на Џамал Кашоги повторно отвори жешка дебата во ЕУ за односите на Европа со Саудиска Арабија, стратешки партнер на Западот на Блискиот Исток.

Многумина сметаат дека Европа и САД поради тоа замижуваат пред неприфатливото однесување на Ријад. Многумина се загрижени и дека европското оружје кое се извезува во Саудиска Арабија се употребува во Јемен, една од најкрвавите војни во светот.

Резолуцијата најостро ја осудува лошата состојба со човековите права во Саудиска Арабија, каде неистомисленици, блогери, новинари се постојано заплашувани и затворани, а можат да бидат и осудени на смртна казна.

Федерика Могерини побара од европските држави да ја стават настрана геополитиката, додека Доналд Туск предупреди дека ЕУ не смее да биде лицемерна за случајот Кашоги.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Снег во Саудиска Арабија

Политички скандал: Откажан мечот меѓу Фенербахче и Галатасарај во Саудиска Арабија

Економијата на Саудиска Арабија поминува низ турбуленции поради намаленото производството на нафта

Предраг Петровиќ

Фудбалерите разочарани од Саудиска Арабија-зедоа стотици милиони, но немаат публика

Махрез заврши во болница

Познато колку пари потрошиле Саудијците за засилување на нивната лига

Предраг Петровиќ