Трамп го осуди испраќањето на пакети со експлозив

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска го осуди испраќањето сомнителни пакети во домовите на Бил и Хилари Клинтон, Барак Обама, како и во седиштето на Си-Ен-Ен и компанијата „Тајм Ворнер”.

Трамп ја сподели пораката на американскиот потпретседател Мајк Пенс напишана на Твитер и рече дека „целосно се согласува”.

Белата куќа, исто така, издаде соопштение во кое го осудува денешното испраќање на сомнителни пратки и ги опиша како „подмолни обиди за напад” и „застрашувачки дела”, предупредувајќи дека одговорните ќе бидат повикани на одговорност.

-Тајната служба на САД и другите служби, надлежни за спроведување на законот, го испитуваат случајот и ги преземаат сите соодветни мерки за да ги заштитат сите оние на кои им се закануваат такви кукавици, изјави портпаролката на Белата куќа Сара Сандерс.

Американската тајна служба, во меѓувреме, соопшти дека нејзините агенти пресретнале пакети, кои содржат „можни експлозивни направи” упатени до Хилари и Бил Клинтон и Барак Обама.

Оваа служба не наведе дали Клинтонови и Обама добиле пакети.

Неименуван американски претставник изјави дека иследниците веруваат дека направата испратена во домот на Клинтон во предградие на Њујорк е поврзана со направата која во понеделникот беше пронајдена во комплексот на милијардерот Џорџ Сорос.

Би можело да ве интересира

Трамп: Зеленски е трговец, секогаш кога доаѓа во САД, тој си заминува со 60 милијарди долари

Ослободена е невината жена која поминала 43 години во затвор во САД

Горан Наумовски

Во Лос Анџелес е издадена наредба за евакуација поради ширење на шумски пожар

(ВИДЕО) Избегната трагедија во забавниот парк Оукс: Се расипа „нишалото“, посетители висеа на 30 метри висина

Смит: И се заблагодарувам на Македонија за одвојувањето на два проценти од БДП за одбраната

Горан Наумовски

Ројтерс: Се намалува бројот на илегални преминувања на мексиканско-американската граница