Отворен мост од 55 км што поврзува ги Хонг Конг, Макао и континентална Кина

Од:

Кинескиот претседател Кси Џинпинг денеска официјално го отвори најдолгиот мост во светот, колосален проект што ги поврзува Хонг Конг, Макао и континентална Кина.

Мостот е долг 55 килеометри, а трошоците за негова изградба беа околу 20 милијарди долари. Дел од таа сообраќајница оди низ тунел под морето, со што и на бродови им се овозможува непречено минување низ делтата на Бисерната река, срце на кинескиот производствен сектор.

Со отворањето на тој мост, што има големо економско и политичко значење, времето на патување преку делтата на Бисерната река од неколку часа се сведува на само 30 минути.

Тој мост претставува и физичка врска со Хонг Конг, финансиски центар на Азија над кој Кина од Британија презеде контрола во 1997 година.

Би можело да ве интересира

Неуспешни преговори за електричните кинески автомобили

Предраг Петровиќ

Разговорите Кина-ЕУ за царината на електрични возила завршија со несогласувања

A1on

Пристигна одговорот од Америка на најновата нуклеарна закана на Путин

ВИДЕО: По 44 години Кина лансираше интерконтинентална балистичка ракета во меѓународни води

Катерина Ѓуровски

Поранешен агент на ЦИА осуден на 10 години затвор за шпионирање за Кина

ВИДЕО: Еден од најсилните тајфуни однесе се во Виетнам, има загинати и повредени

Предраг Петровиќ