Напаѓачот на Наполи, Симоне Верди го повреди колкот на саботниот натпревар со Удинезе во италијанскиот шампионат.
Според официјалниот сајт на неаполците, 26-годишниот фудбалер ќе биде надвор од терените најмалку една седмица.
Ова значи дека Верди нема да игра во Лигата на шампионите, со ПСЖ и во шампионатот на Италија со Рома.
Дуелот ПСЖ – Наполи е закажан за в среда од 21 часот во Париз.
Верди се пресели во Наполи од Болоња минатото лето за 25 милиони евра и постигна еден гол во шест натпревари.