Работилница на Црвениот крст за унапредување на вештините за информирање и комуникации во кризни состојби

Од:

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, клучните одговорности и обврски кои прозлегуваат од нивните активности како помошници на властите во државата и во услови на делување во кризни состојби. Ова беа темите на денешната работилница за унапредување на вештините за информирање и комуникации во кризни состојби, во организација на Црвениот крст на Република Македонија.

Раководител на секторот за програми на Црвениот крст на Република Македонија Сашо Талески изјави дека е многу важно да се претстави нивната работа со цел во секој момент да обезбедат потребен број на волонтери и да се прикаже сето она што го прават во интерес на граѓаните и на државата. Додаде дека имаат успешна соработка со медиумите во државата.

– Точното и непристрасно информирање честопати е важно во регионите кои се погодени од кризи. Доброто и навремено информирање честопати значи спасени животи и обезбедена поддршка за населението. Поддршката секогаш е важна, посебно во услови на кризни состојби, природни катастрофи или катастрофи предизвикани од човекот, рече Талески.

Гордана Миленковиќ, заменик шеф на регионалната делегација на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Белград изјави дека на работилницата ќе ги претстави нивните активности ширум светот, начинот на комуникација со новинарите, што може тие да очекуваат од нив, да им овозможат доколку сакаат да посетат некое одредено подрачје, на кој начин можат да им помогнат, да го организираат патувањето и како можат да ги заштитат зашто се работи за многу опасни подрачја. На кој начин можат да им помогнат ако се најдат во неволја.

– Треба да апелираме новинарите да го почитуваат достоинството на луѓето за кои известуваат, да почитуваат дека тие се во загрозена ситауција и оти им треба помош, рече Миленковиќ. Додаде дека новинарите треба неутрално и објективно да известуваат.

Би можело да ве интересира

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје, ќе се одржи генерална проба за симулациска вежба за земјотрес

Во знак на благодарност за солидарноста по земјотресот, училиште во Турција ќе го носи името на нашата држава

A1on

Македонија собра еден милион и 150 илја евра за настраданите во катастрофалните земјотреси во Труција и Сирија

Катерина Ѓуровски

Црвениот крст ја обвини Европа за „двојни стандарди“ во однос на бегалците

Ана Ололовска

Град Скопје и Црвениот крст го промовираа проектот „Итно Копче“ за помош на лицата над 65 години

Ана Ололовска

Евакуацијата на цивилите од Азовстал ја потврдија и Обединетите нации и Црвениот крст

Катерина Ѓуровски