Единствена Македонија бара Иванов да му го одземе мандатот на Заев

Од:

„Марионетската власт во Скопје со поткуп од по два милиони евре по пратеник и закани со затвор за пратеници или членови на нивни семејства ја донесе во Собранието одлуката за пристапување кон измена на Уставот.

Борбата за спречување на продажбата на светото македонско име, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ е света должност за секој Македонец оти влогот е голем – опстанок или бришење на се што е македонско.

Единствена Македонија го повикува претседателот Иванов да преземе една поактивна улога во оваа света борба на македонскиот народ.

Да потсетиме, Иванов го даде мандатот за состав на владата откако Заев потпиша гаранции и се обврза на заштита на уставниот поредок, заштита на државните интереси, носење на одлуките според основните демократски принципи и владеење на правото, не додведување на Републиката во положба на зависност спрема друга држава и притоа Заев се обврза дека секој документ на владата спротивно на овие гаранции не важи.

Значи, Иванов му додели мандат на Заев под раскинлив услов. На очиглед на целата јавност раскинливот услов е настапен оти гаранциите дадени од Заев се прекршени.

Единствена Македонија го повикува Иванов да го повлече актот за определување на Зоран Заев за манадатор на владата“ се вели во соопштението на Единствена Македонија.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

СДСМ: Докажете или престанете да лажете за Филипче

Предраг Петровиќ

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

A1on

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски

Иванов: Се исполнува визионерскиот став на Кисинџер дека за конфликтот во Украина кога тогаш мора да почне дијалог

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески