(ВИДЕО) Ѓорѓиев: Ситуацијата во студентските домови се влошува

Од:

„Владата има 670 илјади евра за набавка на цвеќиња, 40 илјади евра за набавка на кафе и 1 милион и 600 илјади евра за набавка на лубриканти, но нема за студентски домови.

Владата крати 170 милиони денари од Буџетот наменети за изградба и реконструкција на студентски домови. Студентите се уште чекаат да заврши реконструкцијата на блоковите В и Г во Студенстки дом „Гоце Делчев“, која иако беше најавена за во септември оваа година веќе месец ипол доцни“, рече Филип Ѓорѓиев, ВМРО-ДПМНЕ.

„Министерот во изјава за медиуми во август годинава кажа дека реконструкциите се очекува да завршат во септември, три месеци подоцна студентскиот дом зад мене се уште наликува на градилиште.

Блокот В е објект кој требаше да биде готов уште минатата година. Доколку ВМРО-ДПМНЕ беше на власт истиот ќе беше и веќе во употреба. Двата блока кои се со капацитет од 600 легла се жртва за неспособноста на власта.

Најавуваа изградба на студентски град и дека истата ќе ја отпочнат во првите шест месеци од преземањето на власта, сега не само што не е отпочната изградба на студентски град, туку проект кој веќе е започнат од страна на ВМРО-ДПМНЕ повеќе од година ипол се развлекува.

Дополнително ситуацијата во студентските домови откако СДСМ е на власт не само што не е подобрена, туку се и влошува. Зачестија слики од револтирани студенти кои покажуваат како во нивната храна наоѓаат и бубачки, отпушоци и игли. Сето ова е одраз на погрешните приоритети на СДСМ.

Младите добија безброј ветувања пред изборите. СДСМ вети многу, а не реализира ништо. Веќе поминува половина од нивниот мандат, а младите од оваа влада не видоа ништо добро. Ветуваа се, но не реализираа ништо.

Време е оваа влада да си замине“, изјави Филип Ѓорѓиев, ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски

Директорот на српската полицијата: „34.300 блокадери се собраа на Славија“

Стојаноски: СДСМ избега од дебата затоа што нема аргументи против финансискиот пакет

Манасиевски: Не постои барање од Бугарија кое уценетиот Филипче нема да го исполни за да дојде на власт

Милошоски: Кадарот на Филипче, Заев и Ахмети, Ислам Абази ја запре судската постапка за сомнителната набавка на мазут вреден 167 милиони евра

Катерина Ѓуровски