Данев побара продолжување на седницата и по 18 часот, Џафери му рече на Димовски да му каже дека не може тоа да бара

Од:

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, одби да ја продолжи денешната седница на која се расправа за уставните измени и по 18 часот. Предлогот го достави координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев, со образложение дека дебатата е значајна.

„Илија (Димовски) се смееш, но на координаторот да му кажеш дека пратеник не може да бара продолжение на времето на седницата. 20 пратеника може да бараат итна седница, 30 пратеника може за пристапување на уставни измени… но, индивидуално пратеник не може да бара продолжување на работно време на Собранието. Претседателот одлучува според деловникот“, рече Џафери.

Претходно тој го одби барањето на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски да се обрати на собраниска говорница бидејќи не е пратеник, а собраниските служби го вратиле барањето со образложение дека е адресирано до господин Џафери, а не до претседателот на Собранието.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски