Веб страната Уриминзокири, која дистрибуира вести и пропаганда од државните медиуми во Северна Кореја објави видео каде американски град, што личи на Њујорк, гори по ракетен напад, пишува ЛајвЛик.
Видеото претставува маж кој сонува дека се вози во вселеленско летало околу светот, а во позадина оди мелодијата на „Ние сме светот“. Откако ќе се доближи сликата Кореја е среќно поврзана.
Но, човекот набљудува и град кој гори со американско знаме. Според ЛајвЛик на видеото пишува: „Некаде во Соединетите Американски Држави, црни облаци од чад брануваат“, и додава: „Се чини дека гнездото на неморалност гори од оган кој самите го започнаа.“
Видеото завршува со будењето на момчето и пораката: „Покрај сите обиди на империалистите да не изолираат и скршат… Никогаш нема да може некој да ги запре луѓето кои маршираат кон конечна победа“