Десет куќи во Кавадарци во опасност од уривање, сопствениците треба да ги санираат или урнат

Од:

Десет куќи во Кавадарци се во опасност од уривање, а сопствениците треба сами да ги санираат или урнат. Заради безбедноста на луѓето и околината тоа мора да го сторат, рече за МИА кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.

– Во изминатите години само една куќа била прогласена за склона кон уривање. Имајќи во предвид дека вистинската ситуација е малку поинаква, општински комисии излегоа на терен и регистрираа десет такви објекти, во многу лоша состојба, појасни градоналалникот.

Биле изготвени записници за објектите склони кон уривање и за тоа писмено биле известени нивните сопственици.

-Тие имаат рок од триесет дена, да направат санација или да ги отстранат објектите, затоа што се небезбедни за луѓето и околината. Доколку не постапат по тие решенија, општината нема да застане тука и на наше барање со градежна компанија или Јавното претпријатие “Комуналец”, ќе се отстранат објектите, а за тоа ќе им биде наплатено по пазарна цена. Тие мора да бидат свесни за целата оваа ситуација, нагласи Јанчев.

Би можело да ве интересира

Кавадарци одбележува осум децении постоење на Градската библиотека „Феткин“, најстарата културна институција во градот

А1он

Храбра акција: Кавадаречки пожарникари спасија куче од Луда Мара

Горан Наумовски

Илија Панов е осуден на 16 години затвор за убиство на партнерката Сузана

Газда на фирма од кавадаречко преку хакиран е-мајл измамен за 80.000 денари

А1он

Во Кавадарци полицијата уапси пијан млад возач, МВР против него најави пријава

Учителка од Кавадарци шпионирала колешка кај директорката на училиштето