Британскиот принц Хари и неговата сопруга, војвотката од Сасекс, Меган Маркл, очекуваат бебе напролет, соопшти денеска Кесингтонската палата.
Како што се наведува во соопштението, двајцата сопружници „ја ценат сета поддршка што ја добиваат од луѓе од целиот свет откако се венчаа во мај и задоволство им е овие среќни вести да ги споделат со јавноста“.
Оваа вест е објавена во време кога Хари и Меган стигнаа во Сиднеј за својата 16-дневна посета на Австралија, Фиџи, Тонги и Нов Зеланд, којашто официјално почнува утре.