Принцот Хари ќе присуствува на крунисувањето на неговиот татко кралот Чарлс III, Меган Маркл ќе остане во Калифорнијa

Од:

Принцот Хари ќе присуствува на крунисувањето на неговиот татко, кралот Чарлс во Лондон, но неговата сопруга Меган Маркл ќе остане во Калифорнија со нивните деца Арчи и Лилибет.

Бакингемската палата ја потврди веста преку официјално соопштение, во кое меѓу другото беше наведено дека со задоволство потврдуваат дека војводата од Сасекс ќе биде присутен во Вестминстерската опатија на 6 мај, но дека Меган ќе остане дома во Монтесито, со Лилибет и Арчи кој ќе го прослави четвртиот роденден на денот на неговото крунисување.

„Бакингемската палата со задоволство потврдува дека војводата од Сасекс ќе присуствува на крунисувањето во Вестминстерската опатија на 6 мај. Војвотката од Сасекс ќе остане во Калифорнија со принцот Арчи и принцезата Лилибет“, се вели во соопштението.

Хари и Меган ја објавија својата одлука да дојдат по истекот на рокот на 3 април, а се смета дека неизвесноста околу пристигнувањето на Сасекс ги остави кралските службеници немоќни да работат на распоредот за седење, транспорт и безбедност.

И блискиот пријател на двојката Омид Скоби излезе во јавноста за нивната одлука и рече дека роденденот на Арчи одиграл фактор во нивната конечна одлука.

„Разбирам дека четвртиот роденден на Арчи (кој исто така е 6 мај) одигра фактор во одлуката на парот. Очекувајте тоа да биде прилично кратко патување за принцот Хари, кој ќе присуствува само на церемонијата на крунисувањето во Вестминстерската опатија“, напиша Омид на својата Твитер профил.

Веста стави крај на месечните шпекулации за тоа дали Меган и Хари ќе се појават на големиот ден на кралот.

Би можело да ве интересира

Принцот Хари го загуби случајот, ќе мора да плати за приватно обезбедување

Принцот Хари го загуби случајот на Високиот суд: Владата го отфрли барањето за зголемена безбедност додека е во Велика Британија

Принцот Хари никогаш повеќе нема да ги преземе кралските должности од кои се откажа

Принцот Хари конечно се појави во Лондон

Чарлс и Вилијам немаат коментар за книгата на Хари

Принцот Хари: Убив 25 луѓе во Авганистан

Горан Наумовски