Погребана убиената бугарска новинарка

Од:

Стотици граѓани, роднини, пријатели и колеги денеска се простија од убиената бугарска новинарка Викторија Маринова на погребот во нејзиниот роден град Русе.

Градоначалникот на Русе Пламен Стоилов рече дека „бруталното убиство на новинарката фрлило сенка на мирниот град“.

– Во вакви моменти, освен болка, човек не може да чувствува друго. Ние испраќаме млада девојка од 30 години, мајка. Убиена на особено суров начин. Болка и лутина, нема ништо друго да се каже. Поради тоа јас ќе инсистирам на максимална казна. Оние што ќе си дозволат дури и да помислат на такво нешто, мора да бидат уништени од законот, рече Стоилов.

Обвинителството во германскиот град Целе денеска соопшти дека лицето осомничено за убиството на 30-годишната новинарка наскоро ќе биде екстрадиран во Бугарија.

– Дваесетгодишното момче призна дека под дејство на алкохол и дрога „ја удрил жртвата“ и ја „фрлил во грмушка“. Тој исто така тврди дека не „сакал да ја убие жртвата и негира дека ја силувал“, наведува Обвинителството.

Би можело да ве интересира

ОЈО: Маж од скопското село Грчец и се заканувал на новинарка

Горан Наумовски

Почина Весна Крстева новинар во националното радио Канал 77

Горан Наумовски

„Утре ќе дојдам, увото ќе ти го исечам со нож“: ЗНМ бара итна реакција за закани кон новинарка на Алсат М

A1on

Спречен атентат над познатата рускa новинарка Маргарита Симонјан

Горан Наумовски

Дисциплински мерки за несоодветно постапување на полициски службеници со новинарка од Фокус

Куќен притвор за руската новинарка која се противи на инвазијата во Украина