Сугарески: Директорот на МЕР наскоро ќе објасни за се што е договарано околу гасоводот

Од:

Наскоро јавноста преку акционерското друштво во државна сопственост Македонски енергетски ресурси – МЕР ќе биде информирана за се што се случува со изградбата на гасоводот на делот кај Водно, најави министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.

– Во повеќе наврати обезбедивме јавни дебати со екологистите. Бидејќи МЕР ги склучува договорите со компаниите, за се што како новина е постигнато комплетно ќе објасни директорот на МЕР. Ќе се изјасни за она што се случува на терен за да нема шпекулации дали она што е договарано таму е така или не, истакна министерот Сугарески во одговор на новинарско прашање за ангажирањето на механизацијата на терен при денешната посета на Пониква.

МЕР, пак, денеска преку соопштение за медиумите информира дека е отворен за разговори со граѓанските здруженија.

– Како и секогаш МЕР АД Скопје е отворен за разговори, и по принципот на инклузивност ги повикуваме граѓанските здруженија наредните денови на разговор, за да се разјаснат недоразбирањата и да одговориме на прашањата кои создаваат недоречености, се вели во соопштението од МЕР.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Снег на Водно, во неколку града и во скијачките центри

Катерина Ѓуровски

Потпишан Меморандум за соработка во полето на гасниот сектор со Србија

Дали Русите ќе ги загрозат подморските кабли: Во САД загрижени за движењето на подморниците

Предраг Петровиќ

Ангелов: Пожари на две места на Водно и искршено стакло на продавница

Томески: Изгаснат е пожарот во планинарскиот дом на Водно

Пожар во планинарскиот дом на Водно

Горан Наумовски