Потпишан Меморандум за соработка во полето на гасниот сектор со Србија

Од:

Испитување на можноста за развој на нова директна врска меѓу двата системи за гас, како и во рок од 9 месеци да се изработи Физибилити студија и Студија за оценка на влијание на проектот врз животната и социјалната средина за новата гасна интерконекција помеѓу двете држави, предвидува Меморандумот за соработка во полето на гасниот сектор што денеска во Владата го склучија Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини и Министерството за рударство и енергетика на Република Србија.

-Врз основа на резултатите од техничките и пазарни истражување и земајќи ја во предвид постојната инфраструктура за пренос на гас кај двете страни, Страните ќе ги анализираат и ќе преземат соодветни одлуки за реализација на проектот и координирање на понатамошни дејствија, се вели во Меморандумот.

Гасниот интерконектор Северна Македонија – Србија е означен како водечки проект за енергетски мрежи во рамки на ЕУСАИР (EU Strategy for the Adriatic and Ionian Region) со што ќе се обезбеди сигурност во снабдувањето за регионот на Југоисточна Европа и ЕУ по пат на имплементација на проектите од Јужниот гасен коридор на ЕУ и Трансбалканскиот гасен прстен, преку диверзификација на рутите и изворите за снабдување со гас.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежеше пред хотелот

Катерина Ѓуровски

Српскиот патријарх Порфириј: Одлуката за МПЦ беше најспасоносна и најдобра, и за нив, и за нас, за сите

Предраг Петровиќ

СДСМ: Љутков постојано е на пат, повеќе е во странство отколку на своето работно место

Адвокатот на семејството на загинатата Фросина Кулакова: Обвинетиот Васил Јованов даде едно голо признание со намера да ја ублажат казната

Предраг Петровиќ

Пукање во Штип, едно лице е повредено на градскиот плоштад во Штип

Предраг Петровиќ

Европскиот парламент ја усвои резолуцијата на Тонино Пицула за Србија