ВИДЕО: Снег на Водно, во неколку града и во скијачките центри

Од:

Падна првиот снег во скопскиот регион. Утово бела покривка има на Водно. Снег веќе има и во неколку други краеви во земјава.

Пијанечко-Малешевскиот регион утрово е под снежна покривка која е најизразена на повисоките места. Во градот Делчево и околните села снежната покривка е минимална, додека врнежи од снег утрово има и во општините Македонска Каменица, Берово и Пехчево.

-Патиштата се проодни, а сообраќајот засега се одвива без проблеми. Апелираме да се почитува сообраќајната сигнализација и да се почитуваат условите на патот, истакнаа од подружницата на Македонија Пат.

Во моментот во делчевско најмногу снег има наврнато на планината Голак, во с.Тработивиште, како и на подрачјето на с.Ѕвегор во близина на Граничен премин Делчево.

Снег врне и на Попова Шапка и на Пониква.

Би можело да ве интересира

Снег заврна на Пелистер

Катерина Ѓуровски

Падна првиот снег на Копаоник

А1он

На Пелистер падна снег

За да избегне лисица, полицаец падна од службениот мотор на Водно

А1он

Провејува снег во Маврово и Крушево и на премините Стража и Ѓавато

Од утре до петок врнежи од дожд, на планините снег