Соиграчот на Горан Пандев и најдобар стрелец на Наполи, Едисон Кавани, од наредното лето ќе биде дел од нападот на мадридски Реал.
Според шпанскиот весник „Спорт“, уругвајскиот голгетер се согласил од следната сезона да заигра за „кралскиот клуб“. Претседателот на Реал, Флорентино Перез и менаџетот на Кавани веќе ги договориле деталите од договорот.
Вредноста за трансферот не се објавува, но според сегашниот договор на Кавани со Наполи, тој може да го напушти италијанскиот клуб ако некој плати за него 63 милиони евра. Во Реал, како што пишува „Спорт“, сепак се надеваат дека ќе го доведат Кавани во Мадрид за помалку пари.
Перез е подготвен да плати 50 милиони евра и да испрати во Неапол некој од фудбалерите на кои Реал не смета за наредената сезона.
За Кавани беа заинтересирани и Пари Сен Жермен и Манчестер сити, но тој го избрал Реал.
Едисон Кавани на 121 натпревар за Наполи има постигнато 93 голови. За репрезентацијата на Уругвај натспил 45 пати и бил стрелец на 13 погодоци.