Груевски задоцни на „шамарите во Центар“, Фетаи веднаш побара да биде приведен

Од:

Обвинителката Фатиме Фетаи, побара обвинетиот експремиер Никола Груевски присилно да биде приведен откако не се појави на време денешното рочиште за случајот „шамарите во Центар“.

Само 5 минути по барањето на Фетаи, Груевски подзадишан се појави во судницата.

Обвинителката Фетаи исто така побара да биде раздвоена постапката за обвинетиот Митко Пецев кој денеска по втор пат не се појави на ова рочиште. Неговите адвокати доставија потврда од доктор специјалист за скршеница на десеттиот пршлен по што му е укажано да мирува, а домот да го напушти само доколку е тоа неопходно.

– Минатиот пат беше болест сега скршеница на некој си пршлен, ова не е дозволиво, наредниот пат може ќе каже дека забременил, барам да се издвои постапката за обвинетиот Пецев, рече Фетаи.

Поради отсуство на обвинетиот, одбраната побара одложување на денешното рочиште.

Судот одлучи да ја одвои постапката за обвинетиот Митко Пецев и да се одржи денешната главна расправа.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

И Врховен суд му ја потврди затворската казна на Груевски за „Насилство во Центар“

Ана Ололовска

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Апелација ја потврди затворската казна за Груевски за „Насилство во Центар“