ЕК очекува Ријад да соопшти што се случило со новинарот Кашоги

Од:

Европската комисија внимателно го следи случајот на саудискиот новинар Џамал Кашоги, изјави денеска портпарол на Комисијата.

Тој додаде дека ЕК очекува од саудиските власти да соопштат што се случило со новинарот по неговото исчезнување на 2 октомври.

– Како и целата меѓународна заедница, очекуваме појаснување од властите во Ријад, додаде портпаролот.

Турските власти добија овластување за претрес на саудискиот Генерален конзулат во Истанбул и за утврдување на околностите околу исчезнувањето на Кашоги.

Весникот „Дејли сабах“ објави дека министерот за надворешни работи на Турција, Мевљут Чавушоглу потврдувајќи ја добиената дозвола од Ријад за претрес на Конзулатот, нагласи дека саудиската страна е отворена за соработка во врска со ова прашање,

Портпаролот на турското Министерство за надворешни работи, Хамами Аксој изјави дека развојот на ова прашање внимателно го следат од страна на судството, полицијата и разузнавачките служби на Турција.

– Истрагата што ја презедоа надлежните органи за да се разјасни судбината на тоа лице продолжува засилено. Саудиските власти објавија дека се отворени за соработка и дека може да се изврши проверка во зградата на конзулатот, изјави портпаролот на турското Министерство за надворешни работи.

Весникот „Вашингтон пост“, за кого работеше исчезнатиот саудиски новинар и писател Џамал Кашоги, објави фотографија на која се гледа како тој влегува во саудискиот Конзулат во Истанбул пред една недела, со забелешка дека оттогаш му се губи секоја трага.

Американскиот весник наведува дека фотографијата, со печат и датум, им била доставена од „лице блиско до истрагата“.

Истовремено, американскиот државен секретар Мајк Помпео ја повика владата на Саудиска Арабија да ја поддржи „темелната истрага“ за саудискиот новинар и транспарентно да ги објави резултатите од истрагата.

Кашоги (59), кој живееше во егзил во САД, исчезна во Истанбул во вторникот по посетата на Конзулатот каде бил заради документи кои му биле потребни за склучување брак.

За него нема никакви иформации откако влезе во саудискиот конзулат во Истанбул на 2 октомври.

Турските и саудијските власти даваат противречни изјави. Анкара тврди дека тој не излегол од конзулатот, а Ријад вели дека истиот ден го напуштил објектот.

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изрази загриженост поради исезнувањето Кашоги.

– Се надевам дека се ќе се среди. Во моментов никој не знае ништо. Се шират лоши гласини. Тоа не ми се допаѓа, изјави Трамп.

Претходно, американскиот сенатор Линдзи Греам ја предупреди Саудсика Арабија дека ако информациите за наводното убиство на новинарот се покажат како точни, тоа ќе има „разурнувачки“ последици врз односите меѓу Вашингтон и Ријад.

Кашоги, кој живее во егзил во САД, е долгогодишен новинар. Тој во моментов е ангажиран во „Вашингтон пост“ и е познат по критичките текстови за саудиските власти. Во неговите текстови тој ја критикуваше Саудиска Арабија и поради војната со Јемен и спорот со Канада.

Тој е познат по интервјуата со поранешниот лидер на Ал Каеда, Осама бин Ладен и патувањата со него во периодот од 1987 до 1995 година. На почетокот на 90-те години на минатиот век дури се обидувал да го убеди Бин Ладен да се смири со кралското семејство на Саудиска Арабија и да се врати во својата татковина, но тој одбил.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Снег во Саудиска Арабија

Политички скандал: Откажан мечот меѓу Фенербахче и Галатасарај во Саудиска Арабија

Економијата на Саудиска Арабија поминува низ турбуленции поради намаленото производството на нафта

Предраг Петровиќ

Фудбалерите разочарани од Саудиска Арабија-зедоа стотици милиони, но немаат публика

Махрез заврши во болница

Познато колку пари потрошиле Саудијците за засилување на нивната лига

Предраг Петровиќ