Повозрасен маж е потешко повреден откако паднал од скала во обид за промени светилка на улична бандера во село Чегране.
– Вчера околу 15.30 часот, З.А. (78) од село Чегране, Гостиварско, додека менувал светилка на бандера од улично осветлување во селото Чегране, се лизнал од скалата и паднал на земја. При падот З.А. се здобил со тешки телесни повреди, а по укажаната лекарска помош во гостиварската болница, итно бил префрлен на скопските клиники, информираат од МВР.
Извршен бил увид и се преземаат мерки за рачистување на случајот.