„Ѓупско лето“ во Европа до средината на октомври

Од:

Европските хидрометеоролози најавуваат дека „Ѓупското лето“ ќе потрае, а во втората половина од оваа недела се очекуваат температури од седум до 10 степени повисоки во однос на просечните за овој период од годинава.

„Севир Уедр Јуроп“ (Severe Weather Europe) на својот портал објави дека многу топло време се очекува во централна Европа, каде температурите кон средината на оваа недела ќе се движат околу 25 степени, во Франција и Шпанија околу 30 и повеќе.

Следниот викенд во северна Европа се очекуваат температури за дури 15 степени повисоки од просекот.

Многу топло време се очекува и во најсеверните делови на Европа, како резултат на ширење на топлиот бран преку Скандинавија и Атлантскиот океан се до Гренланд.

Би можело да ве интересира

Европскиот парламент бара сите земји да придонесат во финансирањето на климатските акции

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он