Експертите препорачуваат родителите да трошат помалку пари на играчки и повеќе на патувања

Од:

Многу родители ги опсипуваат своите деца со подароци. Ако сакате да оставите добар впечаток на подолг рок, психолозите велат дека постои подобар начин, а тоа е одење на одмор со децата.

Според британскиот психолог Оливер Џејмс, голем дел од играчките кои родителите ги купуваат всушност децата не ги сакаат или не ги ценат. Истражувањето покажа дека ова е случај со речиси две третини од купените играчки. Од друга страна, децата во тој момент ги ценат семејните патувања, но исто така и подоцна кога се сеќаваат на нив.

Благодарение на патувањата, како што велат експертите, на децата ќе им  ја покажете и  својата друга страна која дома, поради стресот, работата и секојдневните обврски, тие ретко ја гледаат.

Затоа, ако планирате да потрошите пари на играчка, зачувајте ги за патување во кое ќе уживаат сите членови на семејството.

Би можело да ве интересира

MINT Fintech Group ја поддржа eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер

Полицијата пронајде две мали деца на улица, децата им се предадени на родителите

Горан Наумовски

Секое трето дете во земјава живее во сиромаштија

Катерина Ѓуровски

АНАЛИЗА: Бројот на пензионери ќе се зголемува, притисокот врз ПИОМ ќе расте

Предраг Петровиќ

ТикТок повторно на мета: Поднесена уште една тужба за собирање податоци за деца

A1on

Украина доби 1,9 милијарди евра од ЕУ