Данска до 2070 година гради остров кај Копенхаген

Од:

Данска планира да изгради нов остров блиску пристаништето во Копенхаген за да создаде повеќе простор за зголемената популација, најави денеска данскиот премиер Ларс Локе Расмунсен.

Островот би можело да биде изграден до 2070 година и на него би живееле 35.000 жители. Според Расмунсен, тоа би го штитело градот од растечкото ниво на морето.

– Копенхаген се повеќе се развива и гради како никогаш досега. Тоа е добро, но значи и дека градот наскоро ќе остане без простор поради што сакаме да изградиме нов остров, изјави Расмунсен.

Проектот ќе чини 3,1 милијарди долари, вклучително изградба на метро и тунели, а ќе го градат неколку компании од Копенхаген и Данска.

Би можело да ве интересира

Данска објави пакет воена помош за Украина од 350 милиони долари

Данска: Победата на Украина во војната со Русија нема алтернатива

Горан Наумовски

ВИДЕО: Во Данска се гради најголемиот подводен тунел во светот

Пијаниот маж кој ја нападна данска премиерка заврши во притвор

Во нападот данската премиерка здоби полесна повреда на вратот

Физички нападната данската премиерка

Предраг Петровиќ