Поради големиот број на вандалски чинови при кои се оштетуваат објекти или споменици, јавните претпријатија и општините ангажираат обезбедување, за да се грижат за безбедноста на објектите, пишува Нова Македонија.
Има 24-часовно физичко обезбедување на фонтаните и спомен-обележјата што се поставени, а ќе има и на тие што ќе се постават во наредниот период. Обезбедувањето има задача да врши постојана и целосна контрола на објектите и да спречи неовластени дејства. Покрај нив, комуналните редари и комуналната инспекција од општината имаат обврска да се грижат и да казнуваат – вели Јовица Ацковски, портпарол на општината Центар, за весникот.