По обраќањето на претседателот Ѓорге Иванов, владеачката СДСМ испрати соопштение во кое вели дека единствената мисија на Иванов е загрозување на иднината, а пак, Македонија тоа нема да го дозволи.
„Волјата на граѓаните за напредок во ЕУ и НАТО е јасна и силна, мора да биде почитувана. Единствената политичка мисија на Ѓорѓе Иванов е загрозување на иднината, да прави штета врз врвните национални и државни интересии, бранејќи го по секоја цена криминалот на ВМРО-ДПМНЕ. Иванов, последниот остаток од режимот на ВМРО-ДПМНЕ е лице кое што сака Македонија да не успее, лице кое сака Македонија да остане во изолација. Иванов воопшто не се грижи за иднината на државата и нејзините граѓани, тој цврсто стои на страната на темното минато на изолација, уназадување и неизвесност“, се вели во соопштението на СДСМ.
Тие додаваат „Волјата на граѓаните е јасна и силна. Над 600.000 граѓани на референдум јасно се определија за влез во ЕУ и НАТО со загарантиран македонски идентитет. Волјата на мнозинството е конечна и таа мора да биде почитувана од сите, вклучително и на Иванов, лицето што се уште срамно и недостојно ја извршува функцијата“