На вчерашниот референдум гласале вкупно 666 743 или 36,91% излезност, Државната изборна комисија ги соопшти податоците од референдумот.
Од нив „за“ гласале 91,46% или 609 813, додека против гласале 37 700 односно 5,65%. Овие податоци кои ги објави Државната изборна комисија на својата денешна прес-конференција ги вклучуваат и гласовите од дијаспората.
Претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Деркоски изјави дека одлуката не е усвоена бидејќи не гласале повеќе од половината запишани во Избирачкиот список.
Извештајот со резултатите од гласањето ќе најдоцна 15 дена од денот на нивно објавување ќе биде објавен во службен весник и иститот ќе биде испратен и до претседателот на Собранието, Талат Џафери, додаде претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Деркоски.
Галена Николовска-Ризвановиќ