Хрватска планира основање нова државна нафтена компанија

Од:

Хрватската влада планира да основа нова државна нафтена компанија, со што ќе ги врати овластувањата за управување со експлоатација на нафта и гас, кои ги изгуби со приватизацијата на ИНА.

Новата државна компанија ќе биде главен орган на државниот технички и стручен надзор над концесионерите за експлоатација на јаглеводород, што во минатото ги извршуваше Министерството за економија, наведува хрватскиот весник „Вечерњи лист“.

Приватизираната нафтена компанија ИНА со децении функционира како неформално министерство за нафта и гас, извршувајќи голем број јавни функции. Бидејќи овие функции и активности на компанијата не се одделени при приватизацијата, изминатите години компанијата продолжи да функционира како државен монопол. Односно единствен концесионер за истражување и експлоатација на нафта и гас во земјата, но во приватна сопственост и водена од целосно комерцијални цели.

Законот што ќе овозможи основање нова државна нафтена компанија би може да се најде пред хрватскиот Парламент веќе во март оваа година.

Би можело да ве интересира

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари