Кина формира сили за борба со тероризам за да ги заштитува своите интереси во странство

Од:

Кина подготвува антитерористички сили што ќе можат да дејствуваат во државата и вон неа, и да ги заштитуваат интересите во странство, изјави висок кинески претставник.

Жанг Ксиаоки, шеф на разузнавањето на Народната оружена полиција, која е дел од кинеската армија, изјави за Синхуа дека формирањето специјални сили е важен дел од целосната воена модернизација.

– Размерот на дејствување на мисијата на специјалните сили се простира од копно до море од татковината до странство, изјави тој.

– Треба да работиме засилено на изградба на врвни сили за борба со тероризмот на меѓународен план.

Во 2015 година Кина донесе нов закон за борба со тероризмот што дозволува армијата да извршува антитерористички акции во странство. Според експерти, Пекинг е соочен со големи практични и дипломатски проблеми за да ја реализира таа идеја.

Би можело да ве интересира

Неуспешни преговори за електричните кинески автомобили

Предраг Петровиќ

Разговорите Кина-ЕУ за царината на електрични возила завршија со несогласувања

A1on

Пристигна одговорот од Америка на најновата нуклеарна закана на Путин

ВИДЕО: По 44 години Кина лансираше интерконтинентална балистичка ракета во меѓународни води

Катерина Ѓуровски

Поранешен агент на ЦИА осуден на 10 години затвор за шпионирање за Кина

ВИДЕО: Еден од најсилните тајфуни однесе се во Виетнам, има загинати и повредени

Предраг Петровиќ