(ВИДЕО) ДИК: Немаме надлежност надвор од гласачкото место во странство

Од:

По принципот на екстериторијалност за гласањето во странство, ДИК има надлежности единствено внатре на избирачките места во дипломатско конзуларните претставништва потенцираат од Државната изборна комисија по објавувањето на видео снимките на „Фејсбук“ групата „Предавници“, каде група граѓани ги навредуваа и снимаа гласачите кои излегле да гласаат на референдумот. Од ДИК велат дека повеќе детали за текот на гласањето од дијаспората ќе имаат подоцна во текот на денот.

„Во комуникација сме со избирачките одбори, потенцираме дека избирачките одбори, лицата од МВР и лицата испратени да го спорведат гласањето во странство имаат надлежност само внатре во гласачкото место. Она што се случува надвор, ДИК нема надлежност да го адресира како проблем по принципот на екстериторијалност“, вели портпаролот на ДИК, Љупка Гугучевска.

Во однос на гласањето во затворите, велат дека ќе трае до 19 часот, а се спроведува во 13 казнено поправни домови каде се пријавиле 1 508 лица.

Денеска гласаат и болните и немоќни лица. Избирачките одбори ќе го спроведат гласањето во нивните домови, односно кај 1 859 лица.

Гласачите може да приговараат за постапката за гласање, или за заштитата на избирачкото право, потсетуваат од ДИК. До овој момент има 2 приговори за нарушување на заштита на избирачко право и истите се одбиени бидејќи, како што велат од ДИК, немале валидни документи.

Вкупниот број на лица кои денеска можат да го искористат гласачкото право е околу 6 100.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Борис Кондарко и официјално претседател на ДИК

Чејни: Ќе гласам за Харис, а не за републиканецот Доналд Трамп

Горан Наумовски

ДИК: Завршија парламентарните избори, Азизи нов пратеник на местото на Касами

„Европски фронт“ поднесе тужба до Управен суд за прегласувањето во Желино

ДИК ќе одлучува по приговорот од Европскиот фронт

Катерина Ѓуровски

Коалицијата „Европски фронт“ доставила приговор до ДИК за прегласувањето во Желино