(ВИДЕО) Заев: Време е за одлука, за акција, за европска Македонија

Од:

Одлуката е историска и се работи за иднината на нашите деца. Преку оваа одлука ние уште еднаш ќе потврдиме дека се носиме со одлучноста на нашите предци, кои храбро решаваа во 1903-та, 1941, 1991 година, истакна премиерот Зоран Заев на вчерашниот собир во центарот на Прилеп на коалицијата „Излези за европска Македонија“.

Според Заев, направивме компромис за географската одредница во нашето име, но тоа е фер и праведно решение кое досега не се постигнало, ниту ќе се постигне, со кое се обезбеди пријателство со сите наши пет соседи, иднина за Македонија и е остварен вековниот сон на нашите предци за земја призната од целиот свет.

– Знам дека на сите ни лежи некоја грутка во градите, зашто треба да додадеме географска одредница на нашето име. Но, зарем не знаеме дека од таа историска Македонија, ние сме северниот, горниот дел. Зарем не не учеа дека постои и Егејска Македонија, па постои и до денеска, па постои и Пиринска Македонија, дека има и Мала Преспа во Албанија каде живеат Македонци. Затоа, направивме фер компромис и дојдовме до праведно решение. Ве уверувам дека подобар договор не можело ниту може да се направи. Ако можело, последните 11 години ќе бил направен. Ова фер и праведно решение гради пријателство со нашиот јужен сосед, што е голема работа и истовремено ги отвори вратите на НАТО и на ЕУ. Ова решение е нешто за кое се бореле нашите татковци, дедовци, прадедовци. Конечно имаме земја признаена од сите, од целиот свет. Никогаш повеќе никој нема да ја спори нашата Македонија, ниту да се срами во светот, рече Заев.

Добивме земја, посочи, призната од сите, од целиот свет во која што живее македонски народ кој зборува македонски јазик, признати од целиот свет ги остваривме вековните аспирации на нашите татковци и дедовци. Нагласи дека шансата нема да се повтори и ниту смееме да ја пропуштиме, чин е на родољубие и грижа на сите.

Според него, оваа одлука е една од навајжните кои се носени во Македонија, воопшто. Затоа, посочи, е битно да застанеме сплотени во тоа.

– Затоа се обраќам до се уште неодлучните и до опозицијата дека се работи за нашата заедничка Македонија. Знаете дека подобар договор не можеше да се постигне и дека се работи за иднината на Македонија и за иднината на нашите и вашите деца. Сега имаме пријатели од целиот свет кои ја поддржуваат Македонија и кои поддршката ја потврдија со нивното доаѓање во Македонија. Тие добро и мислат на Македонија. Затоа, ајде да и одржиме лекција на Европа дека во оваа наша Македонија има граѓани кои веруваат во Европа и преку успешен референдум да покажеме дека успеваат референдумите за иднината на Европа, нагласи Заев.

Говорејќи за придобивките што ќе ги има Македонија со влезот во НАТО и во ЕУ, Заев посочи дека Бугарија и Романија по членството го зголемија стандардот, а и во Македонија се најавува пораст на инвестициите, бруто домашниот производ, повисоки плати.

Потенцира дека ако досега добивавме 680 милиони евра директна поддршка преку грантови од ЕУ, за следните седум години, како паралелен период од ова, со членство во ЕУ ќе очекуваме 8,5 милијарди евра, за водоводи, канализации, за детски градинки, за училишта и спортски терени.

– Придобивките од НАТО и од ЕУ се големи. Со членството во НАТО обезбедуваме траен мир. Да не заборавиме дека пред 17 години имавме овде конфликт. Ќе обезбедиме вечен мир во Макеоднија и никогаш повеќе да нема војна. Со ова пријателство и отворањето на вратите, веќе имаме 3,1 отсто раст на бруто домашниот производ. Имаме 327 милиони евра странски инвестиции во првото полугодие од годинава. Лани биле само 105 милиона евра странски инвестиции. Сега, најнизок е процентот на невработеност – падна на 21,1 отсто. просечната плата е зголемена за 6,2 проценти. Со НАТО и ЕУ ќе има пораст од 7,9, од 11 отсто и ќе има странски инвестиции во милијарди евра, рече Заев.

Тој ги повика сите да излезат на 30 септември бидејќи, како што рече, ниту имаме друга алтернатива, ниту резервен план, а бојкотот е бојкотот на себе си.

– Нема резервна варијанта, ниту план Б. Нема друг пат, ниту друга алтернатива. Сите на 30 септември и да ја обезбедиме иднината на Македонија. Не можам да сфатам некој да бојкотира, зашто се бојкотира себе си. Не можам да сфатам како претседателот на државата нема да излезе на референдум. Ама ние ќе ја изгласаме иднината и за него. Македонија нема иднина надвор од интеграциите. Оваа шанса е нова интеграција, во европското семехјство и значи пазар со 500 милиони потрошувачи, истакна Заев.

На собирот на коалицијата „Излези за европска Македонија“ говореа и прилепскиот градоначалник Илија Јованоски, како и деканот на Економскиот факултет во Прилеп, Ѓорѓи Манчевски нагласувајќи ги аргументите зошто сите треба да излезат на референдумот на 30 септември и да гласаат за европска Македонија.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он