Судот во Мјанмар осуди на смрт двајца муслимани, кои со силување и убиство на будистка ги предизвикаа немирите од минатата недела.
Пресудата е донесена од страна на судот во западната провинција на Мјанмар, Ракин. За злосторството извршено врз 27-годишната будистика полицијата уапси тројца муслимани, но еден од нив самиот се обеси во ќелијата.
По извршување на кривично дело 28 мај, будистите бесни заради нападот, на 3 јуни извлекоа 10 муслимани од автобус, ги линчуваа и убија.
Немирите продолжија цела недела по настанот. Запалени се илјадници домови и настрадаа повеќе од 50 жртви.