Тренерот на репрезентацијата на Франција, Дидие Дешам, целосно очекувано беше избран за најдобар тренер на годината на церемонијата „The Best“ на ФИФА.
Тој успеа да ги изведе „петлите“ до својата втора светска титула во историјата, што беше и клучот за освојување на оваа награда.
Другите двајца кандидати за наградата беа Зинедин Зидан и хрватскиот селектор – Златко Далиќ.