(ВИДЕО) Николовски: Патот кон ЕУ и НАТО ги отвора вратите за инвестиции на странските компании во земјоделството

Од:

Патот кон Европската Унија и НАТО ги отвора вратите за инвестиции од странските компании во македонското земјоделство, порача министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски на денешните средби со земјоделци и претставници од бизнис секторот во општина Босилово.

Само по поканата на НАТО за членка во Алијансата во јуни годинава, Македонија има најава за 50 нови инвестиции во агро-секторот. Во таа насока МЗШВ подготвува јавен оглас за доделување слободно земјоделско земјиште во државна сопственост за површина над 3 хектари. Огласот се однесува за реализација на нови инвестиции, како што се подигање нови насади и изградба на земјоделски комплекси. Министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Љупчо Николовски од Босилово изјави:

– Огласот кој што се подготвува за доделување на државно земјоделство земјиште под закуп на три хектари ќе се однесува и на бизнис секторот односно на сите домашни и странски инвеститори коишто се заинтересирани за нови земјоделски капацитети. Условите под кои ќе се даваат површините е да се достави посебен деловен план за инвестиции и одреден број на вработувања. Нашата цел е секое слободно парче земја на државата да го ставиме во функција на земјоделците, на целокупната економија, и максимално да ги искористиме сите потенцијали, изјави Николовски.

Усогласувањето со Европските регулативи и перспективата Македонија да стане членка во Унијата резултира и на приливот на директни странски инвестиции. Само во првото полугодие од годинава нивото на вкупните странски директни инвестиции во земјава изнесува 327 милиони евра, што е 3 пати поголем од истиот период лани.

„МЗШВ активно работи и на мерки за зголемување на конкурентноста на земјоделските стопанства на домашниот и меѓународниот пазар. Следејќи ги европските препораки, МЗШВ поттикнува и формирање на земјоделските задруги и консолидација на земјоделско земјиште.

Членството на Македонија во ЕУ и НАТО ја прави земјата привлечна и сигурна за домашни и странски инвеститори. Тоа значи повеќе инвестиции и повисоки субвенции, стабилен пласман, поголем пазар, сигурен откуп и повеќе приходи за нашите земјоделци“ се вели во соопштението на министерството за животна средина.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нема откуп на оризот, власта ги остави оризопроизводителите на цедило

ВМРО-ДПМНЕ: Дон Николовски спиел во хотели каде ноќевање е стотина евра, тој лаже кога вели дека платил поевтино

Предраг Петровиќ

Николовски: ВМРО ДПМНЕ лаже, не се точни објавите

Николоски: Обезбедивме плати за Пошта и за Железници

Филипче најави тужба за клевета против Николоски – го нарече „кафански озборувач“

На референдумот во Еквадор беа изгласани мерки за борба против криминалните банди