Заев: Политиките на пријателство даваат резултати

Од:

Политиките на градење пријателство даваат резултати. Со Република Бугарија само за една година имаме 12 отсто поголема трговија, а верувам дека така ќе биде и со Република Грција, истакна претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев на средба со битолските стопанственици.

Според премиерот со реализацијата на договорот со Република Грција се очекуваат сериозни придобивки пред се на економски план кои јасно се прецизирани во член 13 и член 14 од договорот и дека соработката во иднина ќе биде многу поголема, многу попријатна и многу попродуктивна.

– Договорот со Република Грција многу малку е експлоатиран во делот кој што ги отвора сите перспективи на соработка. Во период на комплетно верифицирање на договорот од двете страни и ратификација на договорот во грчкиот Парламент, очекуваме удвојување на трговската размена меѓу двете држави. На битолчани и на цел овој регион им препорачувам да се фокусираат и да се подготват за освојување на грчкиот пазар заради тоа што станува збор за добар и квалитетен пазар. Убеден сум дека како држава ќе ги искористиме сите поволности од договорот со Грција кој е праведно и фер решение со политички импакт. Тој треба да овозможи пријателство, соработка и отворање на нашите врати кон ЕУ и НАТО, рече премиерот Заев.

На отворената средба што се одржа во дворот на фабриката „Кромберг и Шуберт“ лоцирана во индустриската зона „Жабени“, премиерот потсети дека македонската економија има голема шанса за брз развој со приемот во НАТО.

– Како земја членка на НАТО ќе имаме можност да партиципираме во јавните набавки на НАТО, а тоа се милијарди евра кои ќе може да ги користи и нашата држава. Очекуваме полноправното членство во НАТО да биде во првата половина од 2019 година, и тоа е многу блиско. Убеден сум дека македонската економија ова ќе го искористи, но, исто така и странските инвеститори ќе бидат мотивирани да инвестираат во Македонија, нагласи премиерот Заев.

Во своето интерактивно учество на трибината „Перспективите на македонската економија преку членство во ЕУ и НАТО“ организирана од Стопанската комора на Македонија, претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев говореше на повеќе економски, но и образовни теми со посебен фокус на поддршката која е најавена од Сојузна Република Германија во делот на дуалното образование кое како што беше речено нуди можности за брза преквалифкација на работната сила.

– Сакаме да мобилизираме невработена работна сила за вистинските потреби на пазарот на трудот. Дел од новините кои ќе се случуваат меѓу Македонија и Германија преку заедничкиот управувачки комитет имаат заедничка цел да помогнат за германските и домашните компании. Во нашата држава ќе се користи германското искуство од дуално образование и тоа кај нас ќе биде спроведено, бидејќи Германија, покрај Австрија и Швајцарија се одличен пример за ефикасно преквалификување на работна сила според потребите од пазарот на трудот, појасни премиерот Заев.

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев и потпретседателот на Владата, Кочо Анѓушев им порачаа на стопанствениците од пелагонискиот регион да се подготвуваат за користење на ЕУ фондовите бидејќи со зачленувањето во ЕУ и НАТО можностите ќе бидат значително поголеми.

Би можело да ве интересира

Инцидент во детска градинка во Битола

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

Татко од Битола секојдневно си ги тепал и ги малтретирал децата

Битолчанец киднапирал 24-годишна жена и ја тепал

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

Битола по теркот на светските џез сцени: Национален Џез Оркестар и Мартин Ѓаконовски – Шпато со изведби посветени на Реј Браун

Предраг Петровиќ