Јанкулоска до Мијалков во 2013: ДУИ забележаа и им пречи што даваме државјанства на луѓе во Кичево

Од:

Во разговор од 9 јануари 2013 година, пуштен во судница на рочиштето за предметот „Титаник“, меѓу ексшефот на УБК, Сашо Мијалков и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, Мијалков дискурираат за издавањето македонски државјанства на луѓе од Кичево, оти, како што рече претходно, од ДУИ забележале, а му реагирал Муса Џафери.

Јанкулоска на тоа вели: „Знае и премиерот за тоа. Цела година го тераме. Нека си го тера дури не реагираат“, вели Јанкулоска. „Ние си теравме така и во Кичево, Ресен, Охрид… Мора да престанеме, оти тоа оди како посебна точка на Влада“ , му вели Јанкулоска на Мијалков.

Таа објаснува дека гледала кога има ситуација и кога се деконцентрирани во Владата да ги стават како точка на дневен ред. Станува збор за приближно 400 државјанства. „Нив тоа им текнува. Нив тоа им пречи“, му вели Јанкулоска на Мијалков и додава дека станува збор за место со претежно албански гласачи.

„Нема ништо незаконско во тоа, ама нашите таму се неорганизирани. Мала Преспа е друго, поблиску е до граница“, вели Јанкулоска.

Јанкулоска на Кирил Божиновски во разговор од 27 август му вели дека треба порано да најдат адреси за гласачи.

„Порано Љубе правеше таква глупост. Пример: Димче Мирчев без број“, му раскажува ексминистерката на Божиновски. „Сакаме да ја завршиме работата, ама да не бидат како војска. Да не ја шириме по одбори“.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Власта со критики до опозицијата: Стравот од изборите стои зад блокадите на Изборниот законик

Горан Наумовски

ДУИ: Во сабота почнува граѓанска иницијатива за заштита на Охридскиот мировен договор

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Капиталните проекти го менуваат ликот на Македонија

Ајдари: ДУИ е за една изборна единица, со отворени листи и со изборен праг од 5 проценти

ВМРО-ДПМНЕ: Младите ќе добијат практикантство во општините и поддршка за иновации

Горан Наумовски

Милошоски: Филипче барем овој месец да ги стави интересите на државата на прво место

А1он