Иран им се закани на САД и Израел по нападот во Ахваз

Од:

Иран им се закани на САД и на Израел дека ќе понесат одговорност за нападот врз парада на иранската Револуционерна гарда во западниот град Ахваз, во кој беа убиени 29 лица, а повредени над 70.

Исламската држава презема одговорност за нападот, а иранските власти ги обвинија соседните арапски држави, како и САД и Изрaел.

– Сте виделе како сме се одмаздувале порано. Ќе видите дека нашиот одговор и сега ќе биде поразителен, и ќе зажалите за тоа што го сторивте, изајви генерал Хусеин Салами, заменик командант на Револуционерната гарда, при погребот на убиените војници.

Револуционерната гарда е елитната армиска единица на Иран, а 12 од убиени лица се војници на Гардата. Повеќето од жртвите се од Ахваз или од пошироката нафтена област Хузестан.

Би можело да ве интересира

13 земји испратија предупредувачко писмо до Израел

Катерина Ѓуровски

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Израел мора да увезе повеќе од 300.000 странски работници поради војната во Газа

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти