(ВИДЕО) Неделковски до пратениците на ВМРО-ДПМНЕ: Зошто молчите, за Македонија се оди и во затвор

Од:

Миленко Неделковски во неговата емисија ги повика функционерите и поранешни министри од ВМРО-ДПМНЕ да искажат став околу референдумот, бидејќи, како што кажа тој, тоа прашање е поважно од нивните лични интереси.

– Зошто не се изјаснуваат Илија Димовски, Никола Поповски, Канчевска-Милеска. Некои од нив, знаејќи ги нив и нивните родители, без разлика колкав притисок и да имаат нема да гласаат против Македонија. Меѓутоа не ми јасно зошто другите не се изјаснуваат. Зошто не се изјаснува Никола Груевски, Змејковски?, прашува Неделковски.

Тој вели дека оправдувањата кои кружат во јавноста се оти имале кривични пријави и им се заканувал затвор.

– За Македонија се оди во затвор. Гледате дека ве суди режим, ве судат силеџии. Заради твојот комодитет не заслужува Македонија и нејзиното големо име да страда. Ќе земеш и ќе се жртвуваш, па ќе дојде друга власт, ќе има обнова на дело, па ќе има ослободување, рече Неделковски.

Според него, не се тие избрани од народот за да жртвуваат се заради нивниот комодитет.

– Куче што јаде маст, ќе јаде и стап. Вие сте должни пред вашите сограѓани и вашите гласачи да се покажете, такви какви што ние очекуваме дека сте, вели Неделковски.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

Левица: Брутална партизација на Државната второстепена комисија – ДПМНЕ ја претвори независната институција во партиски штаб

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: 35 години откако македонскиот народ ја потврди желбата за независна Македонија

(ВИДЕО) Кузманоска: СДС остави слаб економски раст, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ носи континуитет

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито