(ВИДЕО) Кирацовски: Влезот во ЕУ и НАТО значи повеќе можности за младите

Од:

На 30 септември ќе донесеме историска одлука која се однесува на иднината, и која се однесува за доброто на идните генерации, на доброто на младите. Влезот во ЕУ и НАТО целосно ги отвора перспективите и нуди неограничени можности за младите, рече Александар Кирацовски од СДСМ.

– Со почетокот на преговорите, а потоа и со членството во ЕУ, младите од Македонија ќе бидат рамноправни со своите врсници од Европа. Полесен пристап до стипендии и школарини, можности за пракса, обука и специјализации во земјите на ЕУ, слободно патување, дружба и размена на искуства и знаење од развиените држави се само дел од придобивките со членството во ЕУ, додаде Кирацовски.

Како што кажа тој, за младите претприемачи тоа значи и слободен пристап на пазар од 500 милиони потрошувачи, додека за младинските организации значи и поголема соработка и креирање на квалитетни младински политики.

– Младите во Македонија ги препознаваат придобивките од членството во ЕУ и НАТО и затоа се силно определени ЗА европска Македонија. Младите луѓе први ги најавија промените и сега први ја најавуваат иднината во европска Македонија. На 30 септември, младите масовно ќе заокружат ЗА влез во ЕУ и НАТО и затоа ве повикувам сите да го следиме нивниот пример и на 30-ти септември сите заедно да заокружиме ЗА европска Македонија, рече Кирацовски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Пиротехниката заради која изгоре „Пулс“ била внесена преку фирма на близок на Мицкоски од Струмица

СДСМ не му се извинува на Љутков, велат ја објавиле вистината

Катерина Ѓуровски

СДСМ нема да ја поддржи интерпелацијата на претседателот на Уставниот суд

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Трагедијата во Кочани е масовно убиство со потпис на државата

(ВИДЕО) Илиевска – Силјановска: Зошто на Љутков му се дозволува вакво аздисување и злоупотреба на парите на граѓаните?

СДСМ: Се организира прикривање на одговорните во Кочани