Дневен центар за деца со попреченост отворен во Кочани

Од:

Во Кочани денеска почна да работи Дневен центар за деца со интелектуална и телесна попреченост, проект што го реализира Министерството за труд и социјална политка со поддршка од локалната самоуправа. Установата ќе работи во состав на Центарот за социјални работи во Кочани.

На отворањето на Центарот присуствуваше министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, која рече дека ќе им се подобри квалитетот на живеење на лицата со атипичен развој, особено што ќе се избегне нивното секојдневно патување во соседните градови каде веќе работат слични дневни центри.

– Започнуваме да развиваме систем на социјални услуги блиски до граѓаните, што го помагаат нивното секојдневно живеење. Досега системот за социјална заштита не беше насочен во делот на услугите, туку главен акцент се даваше само на трансферот на финансиска помош до семејствата, со што завршуваше целиот процес. Време е тоа да се промени и овие центри не се само за да ги сместиме лицата со атипичен развој, туку се отворени за секој кој сака да сподели емоции и време со овие лица. Важно е децата од центарот да ги вклучиме во општеството и да се социјализираат, зашто само така ќе им го подигнеме достоинството и ќе го едуцираме и еманципираме нашето население, истакна Царовска.

Дневниот центар во Кочани во моментов го посетуваат четири деца со попреченост, а максималниот капацитет е 20 лица и тој може да обезбедува услуги и за граѓаните од соседните општини. За почеток вработени се четири стручни лица, а според министерката Царовска, нивниот број ќе се зголемува како што ќе расте бројот на лицата што ќе бидат згрижени.

Објектот располага со две занимални, кујна и помошни простории, а со децата ќе се работи индивидуално и групно, при што ќе има и советодавна помош за нивните родители.

Би можело да ве интересира

Жителите на Кочани ја добија битката: Советот донесе одлука да не се депонира отпад од други општини на градската депонија

Катерина Ѓуровски

Комунални возила од други општини не ја поминаа блокадата кон депонијата кај Кочани

Левица: Крмов бара проблемот со загадувањето во Кочани да се најде пред пратениците

Мртва жена со повреди била донесена во болница

Маж од Кочани истепал дете, а нападнал и полицаец

Насилство во Кочани: Тројца мажи оштетиле возило, а еден од нив нападнал жена