Фудбалерот на Баерн Минхен, Хамес Родригез објасни зошто ги провоцирал навивачите на Бенфика на натпреварот од првиот круг на групната фаза во Лигата на шампионите.
Средбата заврши со резултат 2:0 во корист на гостите од Минхен.
Колумбиецот на излегување од теренот при неговата смена, кон публиката ја подигна раката и и ги покажа петте прсти.
– Пред седум години, Порто ја победи Бенфика со резултат 5:0, иако не треба да му придавате значење на ова. Јас сум поранешен играч на Порто мене не ми се допаѓа што мене ме исвиркуваат. Но јас мислам дека сето ова е нормално, изјави Родригез.