Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне е задоволен од начин на кој неговите избраници резултатски се вратија на средбата со Монако во Лигата на шампионите.
Клубот од Кнежеството прв дојде до водство, а потоа Атлетико со два гола го сврти резултатот во своја корист.
– Покажавме карактер и тоа е најважната работа. Многу е важно да се почне со победа во Лигата на шампионите. Освоивме три бода на буквално тежок терен за игра. Да се играат натпревари на вакви терени е опасно за фудбалерите. Тие се изложени на повреди, рече Симеоне.
Атлетико го совлада Монако со 2:1 и заедно со Борусија Дортмунд која беше подобра од Клуб Бриж (1:0) имаат по три бода во А-групата од Лигата на шампионите.