Градежниот институт на Македонија, избран како консултантска фирма од страна на УНДП, го достави прелиминарниот извештај за физибилити оценката на предложените технологии за избор и изведба на пречистителна станица на Пелистер.
Студијата е изработена во рамките на УНДП гранд-проектот за изградба на пречистителна станица која ќе собира дел од отпадните води од Националниот парк Пелистер. Од Општина Битола информираат дека од страна на консултантската фирма дадена е и препорака за изведба на пречистителната станица, која ќе биде сместена на потегот на потпелистерското село Трново и ќе ги собира отпадните води од објектите и населените места во Потпелистерието.
Градежниот институт на Македонија, по прифаќањето на една од предложените технологии за избор и изведба на пречистителната станица од страна на Општина Битола, ќе почне со изготвување основен проект.