Анчелоти: Наша првична цел е да ја поминеме групата

Од:

Тренерот на Наполи, Карло Анчелоти, трет пат во кариерата ќе има настап во Белград, во рамките на најквалитетното фудбалско натпреварување во Европа.

Претходните два пати на Анчелоти му донесоа среќа и тој стана шампион на Европа како играч и како тренер.

– Со Милан бев во Белград во 1988 година. Се сеќавам на маглата. Исто така се сеќавам и на 2006 кога се квалификувавме во Лигата на шампионите, а потоа станавме шампиони на Европа. Групата е тешка, но ние само гледаме како да поминеме во нокаут фазата. Важно е да играме како знаеме, изјави Анчелоти.

Почетокот е закажан за 21 часот.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска