ВИДЕО: Заев благодарен за поддршката, ја пофали кампањата на ЕУ

Од:

Скринингот за спроведените реформи во Македонија ќе започне на крајот од месецов, а пак до јуни 2019 ќе се спроведат двојно повеќе реформи во клучни области како што се владеење на правото, борба против корупцијата, реформи во јавната администрација и реформи во разознавачките служби, најави премиерот Зоран Заев на заедничката прес-конференција со еврокомесарот Јоханес Хан.

Тој потенцираше дека пријателската поддршка од лидерите на ЕУ е добредојдена бидејќи помага Македонија да се подобри и да биде спремна за преговорите за членство во ЕУ.

„Граѓаните високо ја ценат поддршката од Европската Унија за унапредување на нашата држава. Нагласувам дека и денешната посета на големиот пријател на Македонија, комесарот Хан го потврдува токму тоа. Јас имам само пофални зборови за кампањата која ја спроведува ЕУ под слоганот „Замисли иднина заедно“ која на практичен начин ги потсети граѓаните за нераскинливите врски на Македонија со ЕУ“, рече Заев.

Запрашан за можното руско влијание во земјава околу референдумот, премиерот рече:

„Ние немаме докази или аргументи дека Русија има некое влијание овде во однос на референдумот. Јасно е дека Русија не е среќна со проширувањето на НАТО во Македонија и тоа го коментура дури јавно. но нема нема алтернатива за граѓаните освен интеграција во ЕУ и НАТО. Сакаме да развиваме добри односи со сите“.

„Круна на нашиот напредок ќе биде отпочнување на преговорите за членство во Европската Унија во јуни 2019 година. Граѓаните на Македонија никогаш не се чуствувале поблиски и подобредојдени во ЕУ, освен сега. Тоа чувство се издвои и со дадената можност во Европскиот парламент да говорам на свој мајчин, македонски јазик“, додаде Заев.

Премиерот кажа дека клучната одлука ќе ја направат граѓаните на 30. Септември.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

Кошта: Разумно е да и гарантираме на Северна Македонија дека нема да бараме ништо друго по уставните измени

Песков: Земјите од ЕУ не разбираат што се случува во светот

Унгарија ја тужи ЕУ за користење на замрзнатите руски средства за воена помош на Украина

Горан Наумовски

Зградата на делегацијата на Европската Унија е погодена во Киев

Горан Наумовски

Полска: Украина не може да се приклучи на ЕУ додека не се реши прашањето за масакрот во Волин

Русија: Европските предлози за безбедносни гаранции за Украина се целосно неприфатливи