Севенокорејскиот лидер Ким Џонг-ун издаде „важни насоки“ за зајакнување на армијата и за заштита на суверенитетот на земјата, објавија денеска медиумите во Северна Кореја.
Ваквите одлуки се донесени за заседание на Централната воена комисија на владејачката Работничка партија на Кореја (ЦХД), на кое, според севернокорејските медиумски извештаи, Ким одржал „историски важен говор“ кој ќе служи како насока за зајакнување на војската и за одбрана на националната безбедност и суверенитет.
На седницата е изразена „цврста решеност за безусловно и целосно извршување на задачите што ги зацрта“ Ким, наведуваат медиумите во Пјонгјанг.
Минатиот месец Северна Кореја најави дека ќе изврши нова, трет по ред, нуклеарна проба, во знак на протест поради засилување на меѓународните санкции кон Пјонгјанг по лансирањето на ракетата со голем дострел.