Димитриевски: Преку референдумот до повеќе проекти

Од:

Со поддршка на рефрендумот се отвараат можности за аплицирање на повеќе проекти од кои краен бенефит ќе имаат граѓаните, порача денеска на средбата со преставниците на граѓанскиот сектор, градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски.

Тој посочи дека секој поединечно треба да донесе одлука како ќе се произнесе на 30-ти, но дека токму граѓанските организации во минатото користеле европски фондови за реализација на проекти од различни сфери, наведувајќи примери од секојдневието и досега реализираните проекти, Димитриевски укажа дека многу поголеми се можностите за аплицирање по влезот на Македонија во НАТО и по отварањето на претпристапните преговори.

– Презадоволен сум од присуството на организациите. Можностите за апликација ќе бидат поголеми и важно е да се одобрат и реализираат, а краен бенефит ќе имаат граѓаните во различни области, рече Димитриевски.

Пратеничката Лидија Тасевска истакна дека неваладините организации се важни за изградба на концептот на демократско општество и дека во изминатиот период го покажале тоа.

– Со поддршката за евроатлантската интеграција се отвараат многу перспективи, посебно за младите. И сега имаме пристап до фондовите, се изградија училишта, градинки, болници. Оваа помош ќе биде позабележлива откако ќе станеме дел од НАТО и европското семејство, рече Тасевска.

Граѓанските организации, ја искористија средбата и разговараа со градоначалникот за нивните тековни и планирани проекти.

Тој апелираше тие да го следат повикот кој ќе биде објавен кон крајот на октомври и почеток на ноември за средства кои општината ги доби од УНДП наменети за невладиниот сектор.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Престанете да бегате од граѓаните, распишете референдум, граѓаните нека одлучат

Горан Наумовски

СДСМ: Нема пари за референдум, но има за тендери и луксуз

ВИДЕО: Филипче бара референдум за ЕУ: Граѓаните да одлучат дали сакаат да ја платат цената заради Мицкоски

Поддршка за Вучиќ од Македонија – утре на пладне собир во Куманово

Предраг Петровиќ

Почина д-р Јордан Пачков – хроничар на Куманово

А1он

Дете e повредено при пад од тераса во напуштен објект во Куманово

Горан Наумовски