Лидерката на Мјанмар за пресудата за новинарите на Ројтерс

Од:

Лидерката на Мјанмар Аун Сан Су Чи денеска изјави дека пресудата од седум години затвор за двајцата новинари на Ројтерс нема ништо заедничко со слободата на говорот и оти тие имат право да поднесат жалба.

– Тие не се ставени во затвор затоа што се новинари, туку затоа што судот одлучи дека го прекршиле законот, рече Су Чи одговарајќи на прашањее на модератор на настан на Асоцијацијата на земјите од Југоисточна Азија од програмата на Светскиот економски форум во Ханој.

Новинарите Ва Лон и Куав Сое О беа осудени на затворска казна поради нарушување на законот за државна тајна. И двајцата минатата година известувале за операцијата на армијата на Мјанмар против рохинџите во западната држава Ракајн.

Тие се изјаснија за невини по обвиненијата за кршење на Законот за државна тајна. Максималната казна, која им се закануваше, беше 14 години затвор. Според обвинението, новинарите добиле и дистрибуирале доверливи документи. Двајцата новинари рекоа на суд дека двајца полициски претставници им ги дале доверливите документи во ресторан во Јангон. Минута подоцна други полицајци ги уапсиле на 12 декември минатата година.

ОН повикаa за ослободување на двајцата новинари.

– Ние продолжуваме да повикуваме на нивно ослободување, рече Кнут Осбај, претставник на ОН во Мјанмар.

Американскиот амбасадор во таа држава, Скот Марсил ги оквалификува казните на двајцата новинари како „тажен факт за осудените и за сите во Мјанмар кои работат напорно за промовирање на основните слободи, вклучувајќи ја и слободата на медиумите“.

Во соопштение, агенцијата Ројтерс ја осуди пресудата и рече дека обвинувањата против двајцата новинари биле целосно фабрикувани.

– Тие двајца извонредни новинари поминаа девет месеци во затвор поради целосно фабрикувани обвиненија кои имаа за цел да ги замолчат и да им се заканат на медиумите, се вели во соопштението.

И главниот уредник Стивен Адлер ја оквалификува пресудата како „тажен ден за Мјанмар, за осудените новинари и медиумите низ целиот свет”.

Тој рече дека пресудата за новинарите е голема пречка во преодот кон демократија во Мјанмар, и тоа нема никаква врска со владеењето на правото или слободата на говорот. Главниот уредник додаде дека во деновите што следуваат, агенцијата ќе одлучи како да дејствува против неправдата што е извршена врз двајцата новинари.

Би можело да ве интересира

Тајфунот Јаги усмрти најмалку 74 лица во Мјанмар

Воен авион од Мјанмар се излизга од пистата при слетување, има повредени

(ВИДЕО) Одрон во рудник за жад во Мјанмар, загинаа 32 рудари

Амнестија за 7.012 затворенции во Мијанмар по повод одбележувањето на Денот на независноста

А1он

Канада со нови санкции кон Русија, Иран и Мјанмар

А1он

ВИДЕО: Најмалку 80 цивили загинаа во воени воздушни напади за време на концерт во Мјанмар

Ана Ололовска