Девет лица загинаа, а 43 се повредени откако маж со автомобил влезе на плоштад преполн со луѓе во Кина, јави Би-Би-Си.
Според други медиуми, во нападот загинале три лица.
据说肇事者为,湖南衡东,甘溪镇人。得了癌症。报复社会。开红色路虎。撞了20多人。
另还砍伤10多人。这才是重点。继续关注和求证。 pic.twitter.com/1HmMwhtXWe— 曾宁 (@pZO5xK2Su74DiBW) September 12, 2018
Инцидентот се случи во јужниот дел на Кина, во градот Хенгјанг, околу 20 часот по локално време.
На социјалните мрежи се објавени снимки и фотографии на кои се гледаат повредени лица како лежат на земја по несреќата додека полесно повредените се обидуваат да им помогнат. На снимките се гледа и како луѓе трчаат во обид да избегаат од автомобилот.
Полицијата го приведе 54-годишниот маж, одговорен за инцидентот, а маса луѓе се обиде да го нападне.
За време на инцидентот на плоштадот се случувал настан поврзан со танцување.
Засега нема индикации дека станува збор за терористички напад.